Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јануари 2017
Во Центарот за Јавно здравје до Велес последната седмица од 2016-та година пристигнале пријави за 1.122 болни од грип. Толку случаи пријавиле матичните доктори.
За споредба недела дена пред тоа бројката на заболени во велешко беше 560 лица. Досега кај заболените доминира инфлуенца од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).
Ланската сезона грипот во Велес се појави во голем број во февруари и март.
Поради грипот заразно и детско се преполни со пациенти. На инфективно имало 45 пациенти и сите кревети се полни. Исто е на Детско одделение каде имало 30 хоспитализирани деца, поради компликации од грипот.
Tweet |