Петар Печков
Објавено: сабота, 07 ноември 2020
Во велешко денес има регистрирано 63 нови случаи на лица позитиви на ковид-19, оздравени нема. Ова се податоците добиени од Центарот за јавно здравје. Со ова бројката на активни случаи во велешко е 674 а вкупниот број на досега заразени лица со корона вирусот е 1118. Од нив оздравени се 408.
Од активните случаи на домашно лекување с 616 лица, на Инфективно 50, во Скопје во ГОБ 8-ми септември двајца, две родилки се на ГАКЛ во Скопје и четири пациенти се во клиники во Скопје.
На Инфективното одделение и физикалното има хоспитализирано 50 пациенти, 49 се потврдено позитивни а еден е сомнителен, се уште не е докажан. На Интерното одделение се хоспитализирани три сомнителни случаи, а една пациентка е со негативно тестови, но има потреба од лекување.
Tweet |