речник контакт

Во велешко досега легализирани 6,1 илјада дивоградби

Досега се поднесени 9638 барања за легализација на дивоградби од по едно евро за квадрат

Петар Печков

 

Од почетокот на процесот на легализација до денес, во Општина Велес се  легализирани  6,1 илјади  дивоградби, соопштија од локалната власт. Досега откако е започнат процесот на легализација, во велешко поднесени се 9638 барања за легализација на дивоградби. Тие се легализираат по едно евро за квадрат, средства кои влегуват во Буџетот на локалната власт.

Од преостанатите стигнати  3538 барања,  1991 се во фаза за постапување  а  1547 биле одбиени поради некомплетирање на документите - изјави  Елизабета Јовчевска раководител на Одделението за општо-правни работи. Минатата  година  2017-та  легализирани  се 580 дивоградби, а за четирите месеци од годинава решени се 32 дивоградби.

Рокот за поднесување за тие  кои поднесуваат прв пат е до 31 декември оваа година, а за тие кои што имаат поднесено барање во 2011 година кое поради некомплетност било одбиено или отфрлено имаат можност да поднесат ново барање до 30 јуни 2018 година.

Oд донесувањето на Законот за легализација на дивоиградените објекти, до општина Велес заклучно со 2016-та имаше поднесени се вкупно 9.477 барања за легализација. До март лани   легализирани беа  вкупно 5.350 дивоизградени објекти во општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »