речник контакт

Во велешко нема нови случаи со ковид-19, оздравени се 42 пациенти

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 24 пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко нема  нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 42 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко  падна на  158. Починати нема

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 24 пациенти, двајца   повеќе од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  20, на  Интерно  четворица. Нема испишани пациенти, ново примен е еден.

„Потврдено позитивни се 17, непотврдени  се четворица и негативни се тројца   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 10 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

 фото Мартин Димовски

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »