Петар Печков
Објавено: петок, 05 февруари 2016
Недела вечер премиерно ќе биде прикажана ,,Жени во подземјето,, во режија на Андреј Цветановски. Та е во продукција на ФАД Стоби и е дел од фестивалот ,,Дамите покрај езерото,, финансиран од програмите на ЕУ.
Во претставата има четири женски ликови и нивното соочување со волјата на Боговите кои си играат со нивните судбини, ги искушуваат, ги преиспитуваат. Четирите жени -Антигона, Медеја, Електра и Алкестида се сретнуваат со Богот на подземјето и неговиот помошник , и се прикажани во каква емотивна и емоционална состојба се наоѓаат потоа . Драго ми е што работев со млада екипа - рече режисерот Цветановски.
Во неа играат: Ангела Димитрова, Душица Настова, Драгана Левенска, Александар Михајловска, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Марта Дојчиновска, музиката е на Димитар Андоновски.
Централна точка во двете претстави е жената, како мајка, како ќерка, како љубовница, како создавач. И во двата проекти не спојува Преспанското езеро и затоа проектот и фестивалот е именуван ,,Дамите на езерото,,. Во сите четири претстави има и музички етно - фолкор - најави Зоран Љутков, директор на ФАД Стоби, кој е организатор на фестивалот од македонска страна.
Оваа претстава кон крајот на месецот ќе гостува во Лерин. По завршувањето на претставата најавен е и концерт на групата Фолтин. И за двата настани билетите не се наплатуваат а ќе се одржат во велешки театар.
Tweet |