речник контакт

Во пожар кај Челошово изгореа 40 хектари пченица

Штетата е два милиони денари

Петар Печков

Во саботата попладне околу 14,30 часот на магистралниот пат Велес-Штип во  атарот на село Чолошево, велешко на м.в.„Токмаџија“, настанал пожар во нива со пченица, кој поради силниот ветер брзо се проширил и зафатил околу 40 хектари со пченица.

Пожарот е целосно изгаснат од страна на  пожарникарите од Велес. Пријавената материјална штета од пожарот е околу 2 милиони  денари, а причината за настанување на истиот, дополнително ќе биде утврдена, информираат од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »