Петар Печков
Објавено: вторник, 22 ноември 2016
Скопјанец почина во сообраќајка, која утрово се случи во близина на Велес. Бранко Крстевски ( 58 год) им подлегнал во повредите на лице место, а совозачот е повреден кога со пик ап удриле во камион кој се вклучувал на главен пат.
Сообраќајката се случила околу 7 часот на регионалниот пат Велес- Градско во непосредна близина на село Ногаевци. Според СВР Велес учествувале товарно возило марка „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки и влечно возило марка „сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистарски ознаки.
Камионот излегуваше од спореден пат, од место каде се црпи песок. Тој се приклучуваше на регионалниот пат. Во него удри пик ап, кој се движеше право а него беа две лица. Судирот беше стравотен, возачот почина на лице место а совозачот, го однесоа во велешка болница – вели очевидец на настанот.
Совозачот Д.Ш. (55 год) од Скопје, кој бил надвор од животно загрозувачка состојба, поради специфичноста на повредите е префрлен на трауматологија во Скопје, информираше портпарол на Болница д-р Петре Кодовски.
Tweet |