речник контакт

Во сообраќајка кај Јагодина, Србија повредено велешко семејство

Сите четири члена се во болница, децата минале со потешки повреди, едното на главата другото со ампутирана рака

Петар Печков


На автопатот Ниш- Белград, кај градот Јагодина во сообраќајка повредено е семејство од Велес. Според српските медиуми сообраќајката се случила околу пладне  кога  автомобилот , за кој нема информации која марка бил излетал од  патот. Нема ниту информации кое е семејството кое патувало кон Белград.

Од излетувањето на автомобилот најтешко повредено е тригодишно дете му е ампутирана раката на Институтот за мајки и деца во Белград. Со повреди минал и возачот таткото и четиригодишно дете. Тоа се здобило со повреди на главата   и е згрижено во неврохируршкото одделени во болницата во Ќуприја, каде е сместен и т таткото кој минал со полесни повреди. Мајката пак е препратена на КБЦ во Ниш.

Причините зошто автомобилот, како што пишуваат српските медиуми со македонски регистрации, излетал од патот се истражуваат.  Неофицијалните првични игнорации со кој таму се пишува дека поради неприлагодена брзина  на условите на патот, придонела автомобилот да излета, околу 12 часот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »