речник контакт

Во тек е живописувањето на црквата Св. Кирил и Св. Методиј

За прв пат во јавноста фотографии од внатрешноста, од фреските на храмот. Сликарите најавуваат дека работата ќе ја завршат до крајот на годинава

Петар Печков

Живописувањето на Црквата Св. Кирил и Св. Методиј во Велес е започнато  од 2011 и се очекува при крајот на оваа 2013-та година да биде целосно завршен. Живописот го изведуваа пет ликовни уметници од Македонија. Распоредот на живописот и сцените се одредени според каноните на Православната Црква, но во голема мера зависат и од архитектонското решение на храмот.

Бидејќи тој  е доста голем и раскошен, така и живописот е  богат со многу сцени и светители. Во централната купола се наоѓа Господ Исус Христос, под него е Небесната литургија, Пророците, а во четирите помали куполи се сместени Евангелистите. Во највисоките зони се сместени Великите празници, под нив Христовите маки и страдања, сцени од житијата на Св. Кирил и Св. Методиј, старозаветни сцени, пророци, маченици, преподобни ...

Досега имаат нацртано 1.000 м2 од 1600 колку што има во црквата и плус уште 400 од крстилницата. Црквата ќе има и голем иконостас од 40-тина икони, подни мозаици. Ако се оди според планираното, во текот на оваа година ќе се случи и осветувањето, најавуваат од Повардарската Епархија на МПЦ. 

Храмот се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид и е на лик  по примерот на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта- струшко, има 500 метри квадратни површина. Се гради во византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која е веќе готова,а ѕвоната беа излиени во Виена Австрија.   Камен темелникот на црквата беше поставен на 2-ри јуни 2006-тата година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »