Петар Печков
Објавено: петок, 06 септември 2024
Во текот на вчерашниот ден, четврток 5 септември, средно дневната вредност на ПМ 10 честичките измерени во Велес беше 101 мг/м3. Тоа за септември е натпросечна висока вредност. Со ова четири дена по ред, во низа, има загадување на воздухот.
Него го констатираа мерните инструменти на Министерството за животна средина, лоцирани во дворот на Детската градинка во Нова населба. Претходните денови измерените вредности се движеа од 70 мг/м3 до 81 мг/м3.
„Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминатите три дена, го загадија воздухот во Велес“ – од локалната власт ја посочија причината за загадениот воздух. Така Велес четри дена мирисаше на чад. Вчера , четврток, имаше високи пикови на загаденост во претпладневните часови со ПМ 10 до 300 мг/м3, ПМ 2,5 до 200 мг/м3 честички како и на јаглен моноксид со 1.400 мг/м3.
Денес, петок состојбата е драстично променета, дождот кој утрово падна беше причина пожарите кај Степанци и кај Оморани да се стават под контрола, додека тој кај Ораов дол го гаснат повеќе ангажирани лица. И вредностите на мерните инструменти на МЖС денес, петок покажуваат драстично намалување на загаденоста на воздухот во Велес.
Tweet |