речник контакт

Возач ги уништи столпчињата од тротоарот кај Судот

Ова е втор ваков случај на истата улица

Петар Печков

Ноќеска околу 2 часот по  полноќ, неспретен возач се качил на тротоарот во центар на градот и ги уништил металните ,,П,, столпчиња,, поставени кај Основен суд Велес.

Според МВР инцидентот го сторил А.С. ( 27 год) од Велес кој со автомобил марка ,,голф,, изгубил контрола и  се искачил на тротоарот во должина 20 метри и скршил 11 метални столпчиња.

При инцидентот тој го оштетил долниот дел од возилото, по што истекло масло во должина од 50-тина метри. Бидејќи истото било опасност по учесниците од сообраќајот, екипи на ЈКП Дервен  утрово, посипале земја за да се санира улицата и ги собрале искршените  столпчиња.    

Од локалната власт најавуваат дека  направената штета за оштетената инфраструктура, ќе ја плати сторителот а столпчињата наскоро ќе бидат вратени.  

Ова е втора ваков случај,  на истата улица и место. На  25 октомври лани Р.З тогаш 20 годишен, го стори истиот прекршок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »