Петар Печков
Објавено: вторник, 12 декември 2017
Машиновозачите од МЖ Транспорт, штрајкуваат. Си ја бараат втората половника од плата за октомври. Поради ова денес, вторник, сите возови не тргнаа кон крајната цел. Единствено сообраќал меѓународниот воз од Белград за Солун. Железничарите велат дека ова не е штрајк, туку протест.
Продолжуваме со штрајкот се додека не им се исплати вториот дел од платата за октомври. Кога ќе се исплати веднаш продолжуваме со работа. Без пари не се оди на пат - порача Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт на денешната прес- конференција.
Тој посочи дека железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт и додаде дека утринава сообраќал само патничкиот воз за Гевгелија што го управувал вработен што не го почитувал договорот.
Додаде дека доколку до 25 декември не им биде исплатена и ноемвриската плата, повторно ќе штрајкуваат. Ова е трет штрајк на вработени во АД МЖ Транспорт. Таму има 90 машиновозачи, 40 помошници машиновозачи, 30 кондуктери и 100 маневристи.
Tweet |