Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2016
Учениците од Превалец ги добија наградите кои им беа доделени во Трст Италија за нивниот труд, од меѓународен конкурс,. Учениците од 3 одд и нивната наставничка Лила Арсова од подрачното училиште во Превалец при ООУ „Васил Главинов“ – Велес ова седмица беа гости во овој италијански град Трст.
Малите амбасадори на културата се добитници на плакета и пехар на XII-тото издание на Интернационалниот конкурс за поезија и драма Castello di Duino 2016 год. во категорија училишни проекти.
Младите поети се горди на наградата и што имаа можност да уживаат во моментите исполнети со поезија и музика, и да бидат амбасадори кои ги претставија нашето училиште ООУ „ Васил Главинов“, Велес и нашата татковина во Трст - порачаа учениците.
На овој меѓународен конкурс учествувале повеќе земји од целиот свет во неколку категории. Малите поети, десет ученика, се претставија со изработена книга со стихови на тема „Природа“.Учениците имале и свое претставување пред тамошната јавност и организаторите.
Tweet |