речник контакт

Врачена наградата „Мето Јовановски“ на Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски (фото)

Оваа државна награда се доделува за промоцијa, заштита и унапредување на човековите права

Петар Печков

Во Кристалната сала на Собранието, денес беа врачени државната награда„Мето Јовановски” за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Наградата ја добија Ленче Здравкин и на Денис Јанкуловски.

Наградите ги додели претседателката на Одборот Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, која потсети дека денеска се одбележува 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

„Одлучивме да доделиме две награди оваа година затоа што сметавме дека овие двајца луѓе им помогнаа на оние кои навистина се маргинализирани – мигрантите и лицата со нетипичен развој“, рече Пировска.

Хуманитарката Ленче Здравкин им помагаше на мигрантите кои поминуваа за време на бегалската криза. Таа го отвори својот дом и несебично им пружаше помош на бегалците.

 „Кога сите човекови вредности ќе се примената во секојдневието, се создаваат добри примери, кои имаат позитивно влијание врз општеството. Можат да го надминат времето и да ги охрабрат сите останати да дадат поголема важност за тоа што е навистина вредно. Нашиот глас треба да стигне колку што е можно подалеку. Да ја градиме јавната свест бидејќи не постои толеранција за кршење на човековото право. Секоја координирана активност од општеството, од тебе, од мене, од сите заедно има клучно влијание во справувањето со кршењето на секое човеково право “ рече Здравкин.

Медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје Денис Јанкуловски – Космонаутко беше во првите борбени редови во борбата против коронавирусот и промовираше одговорно однесување на социјалните мрежи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »