Петар Печков
Објавено: недела, 12 мај 2013
Џигал Алмин, Кицара Аделиса и Шатара Алдина ученици во четврто одделение од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари ги добија златниот, сребрениот и бронзениот медал кои ги освоија на Меѓународниот конкурс за компјутерски цртеж и колаж „Творештво без граници”.
Признанијата им беа врачени на 8-ми септември во Хасково во Народната библиотека Зарја. Изложбата беше организирана од Училиштето за компјутери ,,Вале, при Образовното народно читалиште Зарја од градот Хасково Бугарија. Наградите се освоени во конкуренција на компјутерски цртежи и учесници од регионот. Патот до Хасково за учениците и професорката Лиле Арсова која беше ментор на нивната работа, им го овозможи општина Велес.
Тие добија награди во конкуренција на 745 цртежи од 275 учесници, 103 колажи од 96 учесници и 73 творби од странство. Право на учество на учесниците имаа на возраст од 5 до 27 години и наградувањето беше во 7 старосни групи и техники- компјутерски колаж или комјутерски цртеж.
Tweet |