речник контакт

Времените објекти во градов и натаму без решение

Кога ќе се стави на јавно наддавање просторот планиран за времени објекти

Петар Печков

Програмата за поставување на урбана опрема, со која се регулира постоењето на времените објекти во градов никако да профукнционира.  Иако донесена пред две години и помпезно најавена дека ќе ја реши состојаба, таа остана мртво слово на  хартија.   Познато е дека  објектите  кои ќе работат можат  да извршуваат дејнoст која се однесува на: опрема за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници.

 Иако уште пред две години се најави дека ќе биде распишан оглас за распеделба на просторот и решавање на овој проблем, тоа не се случи.  Иле Босилков сопственикот на стоковната куќа ,,Бос,, исто толку време има преписки со локалната власт но и со државните институции, бара донесеното решение да се спроведе.

Jас пишувам, ама пишаното никој не го чита ниту реагира. Барам тоа што е донесено како програма пред две години да се реализира, ништо друго. Огромна зграда, вредна и скапа,  каде само опремата вреди повеќе од  еден времен објект, трпи од истите кои го блокираат влезот.  Токму поради тоа познато странско име, бренд не влезе да ја работи, се откажа. Како моите вработени да се помалку важни од другите вработени во времените објекти  - вели Босилков.    

Општината во 2013-та најави дека  ќе започне со отстранување на дивопоставените времени објекти, но и напуштените согласно динамиката на работа и потребите на градот. Тогаш се тврдеше дека по  повеќе годишна пауза склучен е договор со фирма од Скопје, која требаше да ги  дислоцира  времените објекти. Но ниту еден времен објект не  се дислоцира.  

На повеќе локации во Велес присутни се празни времени објекти, киосци кои не се користат. Така стојат со години, собираат прашина и се грда слика на градот. Ги има на различни делови од Велес. ТрМр го праша градоначалникот кога ќе ја спроведе Програмата за поставување на урбана опрема, донесена од Советот. Според проценките во   градот  има 150 времени објекти, повеќето од нив не се користат.  

Ова прашање предизвикува внимание кај граѓаните и благодарам што го  поставивте. Бевме спречени изминатиот период бидејќи во неколку наврати се најавуваше дека ќе има избори  и затоа не можевме да објавуваме никакви повици.   Очекувме официјално сооштение од ДИК дека можеме да  објавуваме теднери, постапки  и ќе направиме проценка кога ќе  ги пуштиме локациите на јавно наддавање - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Тој дополни дека  времените објекти ќе можат да се користат освен за предвидените услуги уште и  како фризерници, берберници.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »