речник контакт

Вчера 620 велешани примиле прва или втора доза вакцини

Поради големите гужви од денес и полицијата воведува ред при вакцинацијата. Се пушта Фајзер или АстраЗенека. Продолжува теренската вакцинација, утре во Чашка и вакцинацијата по дома

Петар Печков

По најавите дека невакцинараните ќе имаат  редуцирани можности за општествено живеење, но и евидентниот нов бран на заразени со ковид во државата, и велешани масовно се вклучија во вакцинацијата. Таа се одвива во пунктот во Здравствен дом.

Вчера и утре се работи во две смени, денес се додека имало заинтересирани лица за вакцинација и прва и втора доза.

Поради големиот интерес се јавиле  и негодувања и реакции од граѓаните, поради што вклучени се и волонтерите од општинскиот Црвек крст на Велес, кои на лицата им делат бројчиња за редослед. Покрај нив од денес има вклучено и полиција, едно лице, кое  се грижи  да се почитува   редот.  

„Оваа седмица како прва доза се пушта вакцина „Фајзер“ а за лица над 60 години „АстраЗенека’. Ревакцинација се одвива со трите вакцини „Синовак“, „Фајзер“ и  „АстраЗнека“. Пуштаме вакцини и на деца од 16 и 17 годишна возраст иако не се пријавени а се со присуство на родител. Во петокот попладне со термини беа вакцинирани 27 деца. Во текот на вчерашниот ден- понеделник прва и втора доза примија 620 лица “ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинација за заштита од ковид-19 во Велес.

Бројките за овие два дена се следни: Домашна посета вчера 14 денес 19 лица болни, немоќни, со попреченсот, теренска вакцинација вечера Еловец и Бањица сите 17 што претходно се вакцинирале вчера се ревакцинирале, денес  Дреново, Мелница, Лисиче, Горно Врановци  74 лица.

Утре среда теренската вакцинација продолжув со втора доза во населбата Чашка и во Ораовец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »