Петар Печков
Објавено: петок, 28 јули 2023
Центарот за управување со кризи утрово информираше дека во текот на вчерашниот ден, четврток, 27 јули, на територијата на општина Велс се случиле два пожари и двата подоцна се локализирани.
Вчера 27 јули од 13 до 15:15 часот, со 3 противпожарни возила и 15 пожарникари гаснеле опожарена ниска вегетација и смреки од површина од 10 хектари во село Црквино. Известуваат дека пожарот повторно е активен од околу 17:45 часот, интервенирале со 7 пожарникари и 2ПП возило. Пожарот е изгаснат во 19.30 часот.
Пожар кај месноста „Бојаџиева чешма -Штипско петле“, горела сува трева и лозје. Интервенирала ТППЕ Велес со 10 пожарникари, 3 против пожарни возила и два камиона. Пожарот е изгаснат е во 13ч. опожарени 2 хектари сува трева и лозје.
Tweet |