Петар Печков
Објавено: четврток, 25 мај 2017
Во натпревар од 8-то коло на преј оф разигрувањето а титулата првак, во Битола Работник Еурофарм го победи Борец од Велес со 29:23, (15:9).
Велешани единствено што повеле само на стартот со 0:1 преку Давитковски, за потоа домашните ракометари да бидат постојано во водство. Предводени од Филип Чурлевски, домаќините полувремето гол завршиле со разлика од 6 голови, 15:9.
Работник повел и со 17:10 во вториот дел, а ГРК Борец се доближи на 20:17. Домашните ракометари со нова серија водат со 23:17, предност која ја задржаа до крајот за конечни 29:23. Најефикасен кај домашниот состав беше Филип Чурлевски со 7 голови, а кај велешкиот тим Дарко Димитриевски со 8 и Зоран Стојановски со 6 голови.
По осум кола Борец и е последен-6-ти во оваа мини лига без ниту еден бод а во следното коло, в недела гостува на Металург во Скопје.
Средата попладне на Градски се одигра завршниот натпревар од Купот за зона, каде Борец по дождливото време, високо го порази ФК Превалец со 7:0 . Така ФК Борец 1919 ќе игра во завршницата на фудбалскиот куп, меѓу 32-те екипи. Натпреварите традиционално се играат на почетокот на август.
Познат е терминот кога ќе се решава првакот на Општинската фудбалска лига. В недела на Градски, во 15ч. Бабуна како втор пласирана го пречекува Илинден кој е лидер. Разликата е еден бод, така што на Башиноселци им одговара и нерешен резултат, додека мартолчани само победа ги носи до пехарот. Овие две екипи без оглед на резултатот обезбедија пласман во Тратата лига Југ, без квалификации.
Tweet |