речник контакт

Годинава без пролетна акција ,,Ден на дрвото,,

Показателите од минатите години беа дека пролетните акции беа далеку понеуспешни од есенските. Проценот на зафатеност беше многу низок едвај до 10 отсто

Петар Печков

Пролетната акција „Ден на дрвото“ за 2012 година нема да се реализира, соопштија од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквата одлука е донесена во консултација со експерти од областа на шумарството, чија препорака е наместо во овој временски период, акцијата да е реализира наесен.

Поради обилните врнежи од снег оваа зима и неговото интензивно топење, како и наглото затоплување, веќе истекуваат оптималните рокови за садење садниците и според мислењето на екпертите процентот на успешност на акцијата би бил мал.

Од Министерството очекуваат активностите кои беа планирани за пролетната да се реализираат во есенската акција, во подобри услови и со поголем процент на успешност.

 За потсетување пролетта  2010 на на парцели околу езерото Младост, кога додје и претседателот Иванов, се засадуваше на приватана парцела за потоа процентот на зафатеност на дрвца да биде 10 отсто а првата година кај Превалец беше мизерни 7 отсто, што се толкуваше како ,,несреќно избрани локации,, .Спротивно на тоа есента во месноста Ветерско имало зафатеност од 80 отсто.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »