Петар Печков
Објавено: петок, 16 декември 2016
Расте бројот на заболени од сезонски грип, во Општина Велес, кој годинава дојде порано од лани . Податоците на Центарот за јавно здравје од Велес, покажуваат дека во општината изнесува 22 за изминатата недела. Тоа е мала бројка, во однос на тие од февруари и март. Споредбено со една седмица претходно има накачување, оти тогаш имало евидентирано 10 случаи.
Години наназад се регистрираа најмногу заболени во јануари, февруари и март. Годинава сезонскиот грип се појави порано, при крајот на ноември. Од пракса тој се јавуваше од средианта на јануари – вели д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЦЈЗ Велес.
Заболените од грип се од с тие возрасни групи, вклучувајќи и деца од школска и претшколска возраст. Годинава 1.1 илјада велешани се вакцинира како заштита од сезонски грип а вакцината беше потрошена за само две седмици.
Деновиве најголем број заболени во Македонија има во Свети Николе и Дебар. Досега кај заболените доминира инфлуенца од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).
Tweet |