Петар Печков
Објавено: недела, 14 февруари 2016
Февруари оваа година има 29 денови, а почнува и завршува во понеделник. Така во оваа престапна година ќе има дури 5 понеделници. Послен пат ваков календар, со исти денови и датуми имаше во 1988 година, а следниот е дури за 28 години, во 2044.
Волку понеделници во февруари, за суеверните и за оние кои се плашат од „баксузните“ престапни години, можеби има некаква симболика. За астронимите и астрофизичарите, меѓутоа тоа е работа на календарот и чиста математика.
Во исти ден паѓаат први, осми, 15, 22, и 29. ден во месецот. Тоа е едноставна математичка правилност, бидејќи неделата има седум дена. Оваа година е престапна, па февруари има 29 дена, и бидејќи први е во понеделник, неминовно е тој ден да биде и 29.
Прелистувајќи ги старите календари од изминатите 100 години, престапни години и февруари со пет понеделници имало во 1916, 1932, 1960 и 1988 година. Во наредните сто години, истиот календар ќе го има во 2044, 2072 и 2112 година. На прв поглед се чини дека овој календар се повторува на 28 години, но исто така меѓу некои може да поминат и „само“ 11 или најмногу 40 години.
Календарската статистика вели дека 29 февруари, во интервал од 400 години најчесто паѓа во понеделник или во среда дури по 15 пати. Во петок или сабота 14 пати, а во недела, вторник или четврток 13 пати.
Според верувањето, не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа, a среќлии се само децата што се родени таа година на 29 февруари. Народот верува дека се што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.
Tweet |