речник контакт

Годишнина од смртта на велешките Илинденци

Одбележани 108-та годишнина од смртта на Тодор Христов Офицерчето и 104-тата годишнина од смртта на Јован Наумов Алабакот и Андреја Димов Докурчев.

Петар Печков

Со положување на цвеќе на споменикот на велешките Илинденци беа одбележани годишнинтеи од нивната смрт.

Овие тројца војводи се слободоумни  сонувачи за Македонската држава, во чии темели се положени нивните животи. Тие се оддадоа и до смрт се бореа за македонската кауза и се пример за патриоти - изјави Слободан ников, раководител на Историскиот Архив, одделение Велес.

Некои  важни моменти од биографијата на тројцата војводи кои случајно се родени во иста година 1878 а сите загинуваат во октомври, но во различен период. Тие заедно се маркантни личности на Крушевската република.

Јован Наумов Алабакот, роден во село Ораовец тој со неговата чета 16 часа ја напаѓа и води борба да ја освои турската касарна во Крушево, каде се 60-тина аскери. Тој е учесник на легендарната борбата кај Ножот во 1907. Загинува на 4-ти октомври 1907-та во кичевското село Белица. Неговиот гроб денес е во родното село, во дворот на црквата.


Андреја Димов Докурчев пак бил предводник на освојувањето на Полициската станица во Илинденското востание и учесник во аферата Мис Стон, при грабнувањето на американскта мисионерка. Загинува на 23 октомври 1907.


Тодор Христов Офицерчето е воен стратег на Илинденското востание, образуван и школуван во Софија, бидејќи е единствен воено школуван кадар, по негов нацрт е создадено Црешовото топче а тој и прв пукал од него и е учесник и на битката кај Слива. Загинува на 4-ти октомври 1903.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »