Петар Печков
Објавено: петок, 24 ноември 2023
Теренската вакцинација против сезонски грип, наиде на позитивен одѕив кај граѓаните. Заедно со теренската вакцинација за деца кои не се вакцинирани со редовната вакцина, изминатиот дел од ноември се вршела и теренска вакцинација од сезонски грип. Според информацијата од д-р Марина Тодоровска, задолжена за реализација на кампањата „од врата до врат“ најголем интерес имало во населба Градско каде 54 лица, сите на возраст над 65 години и 27 од Чашка исто така над 65 години, се вакцинирале од сезонски грип.
Од вчера започна вакцинација против сезонски грип и во Здравствен дом, во превентива за дека од претшколска возраст. Таму биле добиени 200 вакцини. Првиот ден биле вакцинирани 13 граѓани, сите над 65 годишна возраст. А може да се вакцинираат и хронично болни, трудници, здравствени работници и деца од 5 месеци до 6 години. Овде се извршува без закажан термин.
Од крајот на октомври вакцинација против сезонски грип се извршува во Центарот за јавно здравје. Таму се пополнети сите термини до 4 декември, и тоа преку закажување на вакцинација. мк. Тука може да се вакцинираат и граѓани кои не е во ризичните групи, со комерцијална вакцина, која чини 700 денари. Првично беа добиени две илјади вакцини а потоа дополнително уште двеста.
Tweet |