Петар Печков
Објавено: петок, 29 ноември 2019
Меѓу велешани владее голем интерес за вакцинирање против сезонски грип. Ова посебно се однесува на повозрасната категорија сограѓани, пензионерите.
Според информацијата на сци. д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес има уште бесплатни вакцини за тие кои се евидентирале во ,,Мој термин,, заклучно со 20-ти декември. За тие потоа нема да има, освен ако Министерството за здравство во меѓувреме не изврши нова набавка.
За оваа категорија граѓани, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници во Велес беа обезбедени 1.050 бесплатни вакцини против сезонски грип.
Во ЦЈЗ Велес имало уште 50-тина комерцијални вакцини, за граѓани кои сакаат да ја примат доколку платата 650 денари. Вакви комерцијални вакцини против сезонски грип за Повардарјето, кое го покрива велешкиот Центар за јавно здравје, имаше обезбедено 1,3 илјади примероци вакцини.
Tweet |