Петар Печков
Објавено: вторник, 17 септември 2013
Македонскиот интернационалец голманот Виктор Гигов и оваа сезона ќе ги брани боите на турскиот супер лигаш Мерсин. Со него ќе биде уште еден велешанец бекот Ивица Лазаревски. Годинава клубот Мерсин, од градот домаќин на Медитеранските игри летово, има осетно променет состав. Тренер е Хрватот Синиша Маркота, има двајца украински репрезентативци, во клубот преминал и екс вардаровецот Хрватот Даниел Араповиќ.
Изминатиот период се работеше напорно, бевме на неколку турнири во Бугарија и Турција. Целта беше да се воигра екипата оти има доста новаци. Раководството има силни амбиции откако главен спонзор на екипата е турската нафтена компанија С-оил. Желба на сите е излез во Европа – вели Гигов.
Иако имал понуди од Австрија и Израел Гигов задоволен од досегашниот прием во Мерсин по трет пат поред потпиша за овој клуб, чиј менаџер сега е Македонецот Агрон Хајредин. Изминатата сабота во Турција започна новото првенство а Гигов и Лазаревски во првото коло дома ја пречекаа екипата на Анталија, тест за нивните можности. Победи Мерсин тесно во тежок и израмнет натпревар 26:25.
Гигов освен во матичниот клуб Борец настапуваше и во Исланд, Хрватска, Јужна Кореја, Грција. Оваа година во турскиот град Мерсин освен двајца ракометари Гигов и Лазаревски ќе настапува и кошаркарскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, за истоимениот турски прволигаш.
Tweet |