речник контакт

Градскиот базен заврши со капачката сезона за годинава

Лицата кои купиле сезонски билети да се обратат во просториите на ЈП „Парк спорт и паркинзи“ со цел рефундирање на дел од средствата

Петар Печков

Од денес 30-ти август, престана со работа Градскиот базен за годинава. Иако беше најавено дека ќе работи до 15  септември, надлежните од ЈП Парк спорт и паркинзи одлучиле, дека е најдобро тој со овој ден да ја заврши сезоната за капење.

„Поради лошите временски услови најавени за следниот период и други технички околности градскиот базен престанува со работа за оваа сезона, почнувајќи од денес, 30.08.2022 година“- соопштија од ЈППСП. .

Од таму посочуваат дека лицата кои купиле сезонски билети да се обратат во просториите на ЈП „Парк спорт и паркинзи“ со цел рефундирање на дел од средствата. Тој започна со работа на 13 јули.

Од Општина Велес изразија  благодарност  на ЈП „Парк спорт и паркинзи“ и ЈКП „Дервен“ за соработката и овозможената капачка сезона за граѓаните на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »