Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 декември 2016
Ако 50-тата седмица во Велес биле регистрирани 22 случаи на заболени од грип, претпоследната недела од годинава таа бројка достигна до 560 лица.
Најмногу се на возраст од 15 до 64 години, 348 лица, потоа на пензионери 97 - на возраст повеќе од 64 години, па училишна возраст –основци 83 и претшколска возраст 32 деца. Ова се бројките од Центарот за јавно здравје од Велес.
Досега кај заболените доминира инфлуенца од ,,А,, типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2). Ланската сезона грипот во Велес се појави го голем број во февруари и март.
Tweet |