Петар Печков
Објавено: вторник, 08 мај 2012
Валентина Бонева е вистинското има на Гулабица. Откако пред два дена нејзиниот видео спот се појави на Ју Тјуб тој е екстремно популарен. За првите два дена, има повеќе од 105 илјади посети и многу, многу коментари. Така после Томче фирерот кога пропеа, ова е втор случај во Велес, на експлозија на следење на видео клип на нивен сограѓанин, кој започнува пеачка кариера. За вкусовите не треба да се расправа, има и позитивни но и негативни реакции. Таа вели дека тоа е вообичаено за велешани. Еве го разговорот што ТРМР го правеше со неа
Колку песни имате досега снимено и кои се авторите?
Досега имам снимено осум песни а автори се повеќе меѓу нив и Цане Петров од Биоритам.
Колку години се бавите со пеачка кариера и каде досега имате настапувано?
Пеам долго време од кога знам за себе. 20 години сум на сцената. Велешани не ме познаваат толку, бидејќи пеев доста време во странство. Настапував во земјите на Бенелукс, Холандија, Белгија, Луксембург.
Дали имате настапувано на некој македонски фестивал?
Требаше да пеам на Роса, но мојата кариера во странство не ми дозволи да настапувам во родната Македонија.
Планирате ли да издадете ЦД и кога тоа ќе излезе?
Работам на него. При ркај сум со песните и очекувам наесен да биде готово.
Како ја толкувате популарноста што ја имате на Ју тјуб и толку посетители, на кои можат да завидат и Калиопи, Каролина и други македонски ѕвезди?
Убаво е чувството кога имате толку многу гледачи. За коментарите секој има прво на свое мислење. Што се однесува на дел од нив, тоа е типична велешка завидливост на успешни лица од соседство кои постигнуваат некаков успех.
По овие прашање рече дека е доволно за почеток и остави други, за некоја следна пригода.
Валентина или Гулабица, не открива зошто го земала тоа име како псевдонима. Двата спота кои се вртат на Ју тјуб се дело на телевизија Канал 21.
еве ги и двата клипа, гледајте и уживајте:
http://www.youtube.com/watch?v=MqcVpF5JUew
http://www.youtube.com/watch?v=rM45eSkKpwI
Tweet |