Петар Печков
Објавено: петок, 07 јуни 2013
Др. Петре Кодовски хирург во Општата Болница Велес се најде на листата на најуспешните доктори во земјава за месец март. Тој е единствениот доктор од велешкото јавно здравство кој се најде на листата од 80 доктори од земјава кои според критериумите на Министерството за здравство, са плаќање по учинок.
Докторите се нагрдуваат според вкупниот број интервенции кои се извршени и бројот на сложени интервенции. При тоа не се земаат некои полесни или често повторливи интервенции за да не се добие погрешна слика. Доктор Кодовски беше на листата на најуспешните доктори и во месец јануари.
Tweet |