речник контакт

Д-р Петре Кодовски претседател на Лекарското друштво од Велес

Новото раководство треба да работи на зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија и заштита на интересите на лекарите

Петар Печков

По неколку годишна пауза Македонското лекарско друштво за Велес се реактивираше. Избрани се негови нови членови а за Претседател е назначен др. Петре Кодовски, секретар  др. Марина Леова, благајник  др. Силвана Мишкова , а др. Владислава Христова и др. Тоше Јаковлев се членови на Претседателството.

Ова здружение активно работеше до пред четири години а по заминувањето во пензија на д-р Никола Нацев замреа и неговите активности. Сега докторите од градот очекуваат дека со неговото конституирање ќе имаат можност за повторно  стручно надградување преку организирање на семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци. Целта на  ова лекарско здружение е зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »