Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 октомври 2017
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, но не и конечни -партиите имаат право на жалба, победник на локалните избори за градоначалник на Општина Велес е Аце Коцевски- кандидат на коалицијата на СДСМ.
По пребројаните 100 отсто, од сите 84 избирачки места тој освои 15.962 гласа или 53,51%, пред кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев со освоени 12.293 гласа или 41,21% а трет е кандидатот на Народното движење за Македонија Гоце Чушков со 287 гласа или 1 процент. Регистрирани се 1.121 неважечко ливче.
На кандидатски листи за советници најмногу гласови освои коалицијата на СДСМ со 14.357 гласа што е 48,13% пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 12,339 гласа - 41,36%. Потоа следи Левица со 3,63% со 1.084 гласа, па ДУИ со 439 гласа -1,47%, Народно движење за Македонија со 186 гласа – 0,62 и Алијансата за Албанците со 75 гласа , што е 0,25%. Регистрирани се 1.183 неважечки ливчиња.
Во Општина Велес излегле да гласаат 64,12% или 29.832 граѓани со право на глас од запишани 46.612 лица.
Tweet |