Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2019
Во текот на вчерашниот ден, понеделник, шест часа траела сообраќајна контрола на полицијата, колку пешаците минат на обележан пешачки премин.
Понеделникот 28 октомври во периодот од 8 до 14 часот на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на пешаци, кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле откриени 25 прекршоци, од кои осум во Велес, четири во Кавадарци и 13 во Неготино - информираа од МВР. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.
Вчера ваква акција изведена е и во повеќе македонски града, при што во Скопје биле констатирани 11 прекршока, Струмица 18, Штип 21, во Тетово 18 , во Гостивар 7 лица не ја минувале улицата на обележан пешачки премин.
Tweet |