речник контакт

Дамјановски со наградa на Војдан Чернодрински

Дамјановски ја доби наградата за современа сценска драматизација, за драматизација на расказите на Драги Михајловски во претставата „Приказни од шестиот кат“ на Велешкиот театар

Петар Печков

Режисерот  Дејан Дамјановски ја  доби наградата за современа сценска драматизација, за драматизација на расказите на Драги Михајловски во претставата „Приказни од шестиот кат“ на Велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинво Џинот. Ова е одлука на жирито на Театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински,, кои изминатиот период се одржа во Прилеп.  Жирито  во состав Ѓорѓи Јолевски (претседател) и членовите Тони Михајловски и Илбер Муртези.  

За  најдобра претстава во целинина ја прогласи   претставата „Електра“ во режија на Андри Жолдак во изведба на МНТ од Скопје. Електра“ доби уште четири награди: за најдобра режија - за Андри Жолдак; за најдобра женска главна улога - за Дарја Ризова за улогата на „Електра“; награда за женска епизодна улога - за Ѕвездана Ангеловска за улогата на Клитемнестра и награда за млад актер „Трајко Чоревски“ - за Александар Ѓорѓиоски за улогата на Орест во оваа претстава. Најдобра машка улога оствари Адем Карага во претставата „Предавање“ на Албанскиот театар-Скопје. Митко Апостолоски  ја доби  награда за најдобра машка епизодна улога „Димче Трајковски“, за улогата во претставата „Иванов“ на Битолскиот театар,  Слаѓана Вујошевиќ - награда за млада актерка, за улогата на Елена во претставата „Сон на летната ноќ“ во изведба на Турски театар-Скопје.

На  50-тиот  Театарски Фестивал  Војдан Чернодрински, Валентин Светозарев - награда за најдобра сценографија, за претставата „Иванов“ на Битолски театар, Благој Мицевски - награда за најдобра костимографија, за претставата „Иванов“ на Битолски театар  и  Марјан Неќак - награда за најдобра музика, за претставата „Крвави свадби“ на Струмичкиот театар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »