Петар Печков
Објавено: вторник, 30 јуни 2020
Во Велес во текот на вчерашниот ден регистрирани се два нив случаи на позитивни со ковид-19. Оздравени нема, нема починати, соопштија од Центарот за јавно здравје од Велес. Со ова бројката на активни лица е 39 лица, досега се заразени 185, 13 се починати.
Едното лице е велешанец кој се вратил дома од Србија и резултатите покажале дека е позитивен. Второто заразено лице е од поголема фирма во градот, од каде има повеќе негови колеги кои се ставени во изолација - изјавија од Центарот за јавно здравје.
На Инфективно одделение во велшка Болница, состојбата е како и вчера, хоспитализирани се 15 лица, 14 се потврдено позитивни за еден се чекаат резултати а четворица се на кислородна поддршка, 12 од овие лица се од велешко. Две лица од Велес се лекуваат во приватна клиника во Скопје а 26 се на домашно лекување.
Tweet |