Петар Печков
Објавено: сабота, 20 јуни 2020
Во текот на вчерашниот ден во Велес се регистрирани два нови случаи на позитивни со ковид-19 и четворица оздравени, информираа од Центарот за јавно здравје.
Има еден нов случај на жител од Горно Јаболчиште заразен од кругот на семејството и еден велешанец, кај кого епидемиолошка анкета не откри како е заразен. Тој е асимтоматски се тестирал во приватна клиника во Скопје и е во домашен карантин, не припаѓа на познат кластер. Оздравени се и четворица лица, кои биле на домашно лекување и по два негативни резултати од земениот брис се водат како излекувани- изјавија од Центарот за јавно здравје од Велес.
Со ова вкупната бројка нa оздравени во велешко е 121 лице а како активни се водат 32 лица. Во домашни услови се 15 лица, две се на Инфективна клиника во Скопје по еден во ГОБ 8-ми Септември во Скопје и во државен карантин, повратник од Англија.
На Инфективно одделение од велешка Болница има 16 лица од нив 15 се потврдено позитивни а за еден со симптоми се чекаат резултатите.
Tweet |