Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јануари 2017
Патничкиот воз од Скопје за Велeс кој тргнуваше во 1,35 и од Велес за Скопје кој поаѓаше во 23.07 се укинати и не сообраќаат.
Од Македонски железници информираа дека ова е времено поради студот и ниските температури и дека по подобрувањето на временските услови тие ќе бидат вратени.
Овие возови кои беа експрес, сообраќаа до Битола и назад а застануваа и во Чашка и Богомила како и во Прилеп. Најчесто беа користени од велешани кои работат во Скопје
Tweet |