Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2020
МВР информираше дека дваесет годишна девојка подведувала 15 годишно девојче на проституција, за што и е поднесена кривична пријава.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „детска проституција“. Во периодот од 04.07. до 13.07.2020 пријавената во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала. На 13.07.2020 девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки - информираа од МВР.
Tweet |