речник контакт

Дваесет талентирани ученици, општината ги испрати на одмор во Охрид

Десет дена одмор за основци и средношколци од Велес, кои покажале врвни резултати на општинските и републчички натпевари

Петар Печков

          Дваесет   талентирани ученици на возраст од 13 до 16 години, од  општински основни и средни училишта од Велес, заминаа на одмор во Охрид. Тие  таму ќе поминат 10 дена како награда за вложениот труд и постигнатите резултати на општинските  и  државните натпревари и други првенства на кои освоиле награди и признанија. Во детското одморалиште „Радости“ во Охрид ќе летуваат и другаруваат младите и талентирани поети, спортисти, физичари, математичари, уметници.

Селекцијата на учениците кои летуваат е на  училиштата. Летувањето  го овозможија и помогнаа Општина Велес, Сојузот за грижа и воспитување на децата и Друштвото за поддршка и развој на деца и младинци на Република Македонија. Општина Велес преку Здружението за грижа за здраво поколение од почетокот на наредниот месец ќе испрати десет деца на седумдневно  бесплатно  воздушно лекување на Пелистер. Тоа се деца со здравствени проблеми од децениското загадување на Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »