Петар Печков
Објавено: четврток, 27 септември 2018
МВР преку соопштение информира за настан кој се случил ноќта помеѓу вторникот и средата близу Демир Капија.
На 26.09.2018 година во 3 часот во близина на Демир Капија полициски службеници забележале паркирано товарно возило „Рено Мастер“ со скопски регистарски ознаки без возач. При контрола во делот за товар биле откриени 33 лица илегални мигранти од Пакистан. Подоцна во 03.15 часот на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес - пишува во информацијата на МВР.
Додаваат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Tweet |