речник контакт

Двајца неготинци измамени од бизнисмен од Истанбул

Исмет Калкан кој е во бегство доби условна затворска казна. Им ветувал програма за одгледување на јаткасти растенија, врши хемиска анализа на почвата, набавува трактори од Турција

Петар Печков

Турчинот Калкан Исмет од Измир, е осуден во Освоен суд Кавадарци за измама над двајца неготинци.  Нему му се судеше  во  отсуство и доби  казна затвор во траење од  една година, која нема да биде извршена ако обвинетиот во рок од две години, по правосилноста на пресудата не стори друго кривично дело. Обвинетиот на оштетените треба да им плати  328.454 денари,. Пресудата не е правосилна. 

Според обвинението  на 10.08.2014 година,  во хотел „Парк“ во Неготини, со лажно прикажување на факти ги довел во заблуда оштетените, на начин што - лажно им се преставил како бизнисмен од Турција кој  во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство Скопје, реализира програма за одгледување на јаткасти растенија, ќе врши хемиска анализа на почвата, ќе набави опрема- трактори од Турција.

За реализација на програмата,  Калкан на оштетените им побрал да   учествуваат со 30% средства. Тие во повеќе  повеќе наврати - преку банкарски уплати на негова сметка во Халк-банка  и во готово му исплателе   вкупно   5.429 евра. Откако парите ги примил   Калкан и ненајавено го напуштил Неготино и избегал.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »