речник контакт

Двајца велешани ги корнеле засадените рози и препродавале на пазар

Препродадени се 200 корења рози а оштетен е ЈКП Дервен за 300 евра

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Ц. (33) и Т.А. (35) и двајцата од Велес, поради основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Пријавените во периодот 21 март до 02 април во повеќе наврати откорнале садници- рози засадени на различни локации во градот, кои подоцна ги продавале на градскиот пазар во Велес.

Од површините пред  Основен суд Велес, кај семафорите,  кај Розе Сала и ресторант Глориус,  од Младински парк, кај споменик Панко Брашнаров и на улица Димитар Влахов откорнале 200 садници- рози.

Со ова на ЈКП Дервен му нанеле материјална штета во износ од 18 илјади  денари. И Б.Ц. и Т.А. им се изрекувани и затворски казни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »