Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 февруари 2016
Во неделата македонската полиција фати во два одвоени случаи, двајца велешани како нелегално превезуваат мигранти илегалци. Во неделата наутро во 5 часот на автопатот Неготино-Градско, на наплатната станица „Градско“ од страна на полициски службеници сопрено е ТМВ „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(20) од Велес.
При преглед на ТМВ, во товарниот дел пронајдени се 26 илегални мигранти од кои три лица од Пакистан, три лица од Иран и 20 лица Мароко. Т.А. и мигрантите се приведени во ПС-Неготино, каде против возачот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден во ОЈО-Скопје, каде од страна на судија на претходната постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.
Во саботата вечер околу 20,35 часот, во близина на клучката кај Неготино на автопатот во правец Гевгелија- Скопје било извршено запирање на автомобил марка „Матиз“ со велешки регистерски ознаки но истиот на дадениот знак не застанал туку го продолжил движењето. Полициските службеници со службено возило се упатиле по него каде било престигнато и запрено кај м.в.„Полна Цигла“.
Од страна на полициските службеници во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ.(32) од Велес и пет мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје. поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(31) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено „криумчарење мигранти“ по чл.418-б, ст.2 од КЗ на РМ, при што од страна на судија за претходната постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
Претходно, беа фатени жители на село Сливник М.М. (25год) кој во камион превезувал 33 мигранти и С.М. (29 год) од Бузалково кој во неговиот автомобил превезувал 7 илегалци. И двајцата се товарат за ,,криумчарење мигранти,,.
Tweet |