Петар Печков
Објавено: среда, 30 мај 2018
Претставата ,,Водвицата се мажи,, на велешкиот театар „Јордан Хаци Констанинов Џинот“,ги доби две награди на театарскиот фестивал во градот Лобња. Велешките актери ги добија признанијата за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл на Интернационалниот театарски фестивал "Руска класика"-Лобња во Москва, Русија. По одигрувњето на претставата во понедленикот вечер, на трибината следниот ден добија одлична критика и позитивни коментари од театарски критичари Ана Кузнецова и Лана Гарон.
,,Вдовицата се мажи“ работена според едночинката "Мечка" на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.
Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирнов и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.
Tweet |