речник контакт

Две нови лица позитивни на ковид-19, велешанец и жител на Горно Јаболчиште

14 лица позитивни на ковид-19 се на Инфективно одделение. Во велешко има 80 лица во изолација и 13 во самоизолација. Трите претходни дена казнети се 141 лица во Велес поради не носење заштитана маска

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко регистрирани се два нови случаи на позитивни со ковид-19 а  еден е оздравен, соопштија од Министерството за здравство.

Велешанецот кој е позитивен на корона вирусот е на 74 годишна возраст, според епидемиолошката анализа не може да се каже од каде и кого се заразил, немал контакти со заразени лица. Има и жител од Горно Јаболчиште, кој е осми по ред од населбата, тој   се заразил од соседите - изјавија од Центарот за јавно здравје. 

Со ова вкупниот број на заразени во велешко досега е 167 а активни се водат 32 случаи, оздравени се 124 лица, 11 се починати. Од активните 14 лица се на домашно лекување, две се на Инфективна клиника во Скопје и по еден во ГОБ 8-ми септември Скопје и еден во државен карантин , повратник од странство.

На инфективното одделение има 14 потврдени позитивни пациенти, еден е испуштен  откако на два последователни теста се вода како оздравен - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа Болница Велес.  

Изминатите три дена од петокот до вчера, недела  велешката полиција казнила 141 лице во Велес, поради непочитување на уредбата за задолжително носење заштитна маска,. Во петокот биле казнети 57, во саботата 39 и вчера во неделата 45лица. Во велешко денес има 80 лица со  решение за изолација и  13 со изјава за самоизоалција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »