Петар Печков
Објавено: петок, 11 декември 2015
За два дена, на регионалниот пат Велес Градско, две сообраќајки, со две потешко повредени лица. Едното е пренесено во Ургентен Скопје второто е задржано во велешка болница.
Првата сообраќајка се случила четвртокот попладне околу 16,30 часот во непосредна близина на „База-Пелагонија“. Влекач марка „рено“ со приколка со гевгелиски регистерски ознаки управуван од 61-годишен жител на Богданци удрил во пешак - женско лице на возраст од 51 година од село Росоман. По несреќата, пешакот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Градска Болница Велес каде се констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите препратен е во Ургентен центар Скопје.
Ден претходно, на истиот пат делчевчанец, возејќи автомобил ,,форд фергусон,, изгубил контрола и излетал од патот. При ова со тешки телесни повреди, повеќе скршеници се здобила сопатничката 14 годишно девојче, жителка на истото село. Со возила на итната помош девојчето е пренесено во велешката Болница, каде поради тежината на повредите е здржано на лекување.
Tweet |