Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 јули 2017
Неделата попладне, околу 18.30 час. на регионалниот пат Градско- Неготино, сообраќајка со еден починат . Од излетувањето ан автомобилот со смртни последици и починал Неготинчанецот Славиша П. ( 47 год).
Според СВР Велес незгодата се случила на 900 метри од крстосницата Градско-Прилеп-Неготино во правец кон Неготино .
Во несреќата учесник е С. П.(47) од Неготино со автомобил марка „Киа Прајд“ со рег. бр. ВЕ-669-КФ а возачот изгубил контрола над возилото, поминал на левата страна од коловозот и се превртел надвор од патот, при што, на лице место починал возачот – изјавија до СВР Велес.
Во саботата наутро .околу 07.30 ч. на автопатот Велес- Градско, на 6км. пред наплатната станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која има еден тешко повреден патник.
Автомобил марка „Опел Астра“, со рег.бр.СК-2719АН, сопственост и управуван од Г.Е.(36) од Скопје со сопатниците Е.Е.(36) и две малолетни деца, изгубил контрола над возилото и излегол надвор од коловозот, во каналот за атмосферски води, при што, сите добиле повреди и со возило на итна медицинска помош се пренесени во ЈЗУ„Општа болница“ Велес – изјавија од СВР Велес.
Кај сопатникот Е.Е. се констатирани тешки телесни повреди и истата е пренесена во Ургентен Центар- Скопје на понатамошно лекување, а возачот и малолетните сопатници се упатени на домашно лекување, информираа од велешката Болница.
Увид на местото на двете сообраќајки извршила екипа од СВР Велес, по што е ќ се знаат причинети за излетувањето. фото илустрација архива
Tweet |