речник контакт

Две сообраќајки утрово во Велес

И двете се на крстосниците од улица АСНОМ Автомобил удри дете на точак, автомобил излета од пат

Петар Печков

 

МВР информираше за две сообраќајки кои се случија утрово во Велес и двете на улица АСНОМ. При тоа дете на велопсед има тешки телесни повреди а во втората  возачот минал со лесни повреди иако излетал од патот. 

Утрово во 5,45 ч. на крстосницата од улица АСНОМ со улица Андон Шурков дошло до сообраќаен инцидент, кога автомобил марка ,,мерцедес,, со бугарски регистраски таблички излетал од патот. При тоа возачот З.З. ( 51 год)  удрил во метална заштитна ограда и во станбен објект. Бил префрлен до ЈЗУ Општа Болнциа Велес, каде му се констатирани лесни телесни повреди и е пуштен дома - информираа од МВР.

Нешто подоцна се случила втора сообраќајкна незгода, во близина на местото од првата.

На крстосницат од улица АСНОМ и ул. Борес Трајквоски во 8,20ч. се случила сообраќајна незгода во која автомобил марка ,,фолцваген,, со велешки регистарски таблички управувано од З.Ж. ( 58 год) удрило во 13 годишно дете кое управивало велосипед. Дете е префрлено во ЈЗУ Општа Болница Велес, каде се констатирани тешки телесни повреди, укажана му е помош и е пуштено на домашно лекување - изјавија од МВР. 

И на двете сообраќајки излегле на терен увидна екипа на СВР Велес, и по извршената истрага ќе се знаат причините за истите.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »