Петар Печков
Објавено: среда, 11 декември 2013
Дел од приколките на камперите кои десетина години беа покрај езерото Младост завршија покрај реката Бабуна, во долниот тек. Така се остварија најавите на нивните сопственици, кои по барањето на локалната власт да ги отстранат нелегалните објекти од брегот на езерото, ќе ги постават во оваа заштитена природна зона. Бројките се движат околу 15-тина. Градоначалникот најавува дека таму не им е местото и ќе бидат отстранети.
Инспекторот излезе на терен. Имаме првични информации и ќе постапиме исто како што беше на езерото Младост. Тоа значи дислокација. Немаме конкретна бројка, оти таа се менува, дали се десет или петнаесет. Но не е така голема како што беа на езерото. Во секој случај нема да дозволиме да се узурпира јавен простор повеќе. Кој ќе го прави тоа во Општина Велес, ние ќе постапуваме согласно законските прописи – изјави градоначалникот Чадиев.
Тој најави дека до крајот на годината неколку диво поставени нелегални објекти на јавните површини ќе бидат отстранети, бидејќи фирмата која била ангажирана добила налог за работа. При реакциите на сопствениците на камп приколките кои беа покрај езерото Младост, тие најавија дека ќе ги постават по долниот тек на Бабуна.
И го прашаа во таа пригода Чадиев зошто и таму не преземе исти мерки со дивоградбите, како и со дивите камп приколки. Градоначалникот тогаш изјави дека, ,се ќе биде завршено во свое време. Кога ќе се гради таму акумулација на реката Бабуна, ќе се срушат и куќите од тој појас,,.
Tweet |