речник контакт

Денес во велешко нови 55 случаи позитивни на ковид-19, оздравени се 42 пациенти

Активни случаи во велешко има 741 а во Болница згрижени се 65 пациенти

Петар Печков

Денес во велешко се регистрирани 55 нови случаи на лица позитивни на кводи-19 а оздравени се 42  пациенти, соопштија до Центарот за јавно  здравје Велес.

Досега има вкупно  1.905 случаи, од нив оздравени се 1.101. Активни  се 741 случаи од нив  68  се во болница шест на  приватни клиники  во Скопје и 667 на домашно лекување.  

Во велешка Болница хоспитализирани вкупно 65 пациенти од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум  со негативни тестови, 15 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се 47 пациенти, на Физикално 11 и на Интерно седум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »